Пораст на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

50

Во третото тримесечје од 2020 година, во споредба со второто тримесечје од 2020 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,8%, трошоците за материјали се пониски за 0,4%, а трошоците за вработените се повисоки за 6,3%.

Во третото тримесечје од 2020 година, во споредба со третото тримесечје од 2019  година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,1%, трошоците за материјали се пониски за 2,6% и трошоците за вработените се повисоки за 9,4%.

Фото: Freepik