Porsche Design Sport лансираше модна линија за жени

51

Светски познатите брендови Adidas и Porsche Design ги здружија силите и напрвија совршен спој на модата и функционалноста. Имено, двата бренда заедно ја лансираа првата Porsche Design Sport модна колекција за жени.

porsche-design-san-francisco-1 Слично на линијата за мажи, која беше лансирана во 2006 година, Porsche Design Sport и овој пат обезбеди луксузна линија на спортски патики, дуксери и шорцеви за вежбање, елегантни јакни и капути во темно виолетова, бела, сива и црна боја.

P’1140-Aviator-Jacket-1

Викендов брендот ја презентираше својата модна колекција есен/зима 2013, каде најмногу внимание привлече Tech Down јакната полнета со пердуви која обезбедува максимална заштита при студено време.

Заедно со неа во комплет доаѓаат и интегрирани ракавици, специјален заштитен слој за снег кој може да се вади по потреба и две капи од кои едната исполнета со PrimaLoft топлинска изолација.

Porsche-Design-Car-Coat-Woman

И не само тоа, во внатрешноста на јакната можат да се најдат џебови за специјални наочари за сонце, за мобилен телефон и MP3 плеер. За сето тоа да изгледа женствено и елегантно, јакните од оваа линија се збогатени со појас во контрасни бои.