Porsche ги чести вработените со по 8.000 евра

98

Германскиот производител на луксузни автомобили Porsche оствари рекордни приходи и традиционално ги награди своите вработени во година на пандемијата. Porsche завршува одлична година со оглед на ситуацијата, бидејќи коронавирусот едвај ја допре. Затоа годинашната награда за вработените е висока, скоро 8.000 евра.

Покрај предизвикувачката состојба на автомобилскиот пазар, особено поради недостаток на чипови, оваа година Porsche може да донесе и иницијална јавна понуда на акции.
Извршниот директор на компанијата, Оливер Блум, најави дека ќе биде отворен за разгледување на иницијална јавна понуда на германскиот производител на спортски автомобили доколку нивниот сопственик Volkswagen одлучи да го стори тоа.

Porsche беше светла точка за VW за време на пандемијата. Испораките минатата година паднаа за само 3%, благодарение на силната побарувачка во Кина, нејзиниот најголем пазар.

Фото: Pixabay