Porsche гради фабрика за склопување возила во Малезија

30

Германскиот производител на автомобили, Porsche ќе гради фабрика за склопување возила во Малезија, во партнерство со автомобилската компанија на трговскиот конгломерат Sime Darby, пренесува Ројтерс повикувајќи се на весникот Edge Weekly.

Весникот минатиот викенд објави дека партнер на германскиот производител на луксузни автомобили ќе биде корпорацијата Inokom, автомобилски огранок на Sime Darby Motors.

Еден од изворите на весникот соопшти дека Porsche ја претвора Малезија во свој центар за Југоисточна Азија и дека тамошното Министерство за финансии одобрило стимулации за таа инвестиција.

Фото: Pixabay