БиХ го зголеми прагот за осигурување на депозитите на 51.000 евра

Од 1 ноември, во Босна и Херцеговина се применува одлуката на Агенцијата за осигурување на депозити на БиХ, со која износот на осигурени депозити во банките се зголеми од 70.000 на 100.000 конвертибилни марки одосно 51.129 евра.

Одлуката ја усвои Управниот одбор на Агенцијата на состанокот на 23 септември во Сараево. Агенцијата му плаќа на депонентот до тој износ доколку лиценцата за работа на банката биде одземена, објавува Capital.ba.

Според правилата на Агенцијата, износот се пресметува по депонент по банка, заедно со пресметаната камата, и се намалува за долгот на депонентот кон таа банка.

Средствата во странска валута се конвертираат во куни по курсот на Централната банка на Босна и Херцеговина на денот на одземање на лиценцата. На заедничките сметки, уделот се дели подеднакво меѓу сопствениците, освен ако не докажат поинаку.

Агенцијата наведува дека со оваа одлука им обезбедува на депонентите повисоко ниво на заштита и придонесува за зајакнување на довербата во банкарскиот сектор и финансиската стабилност во земјата.

Како што истакнуваат, зголемувањето е чекор во понатамошното усогласување на БиХ со стандардите и директивите на Европската Унија во областа на заштитата на депозитите.