
Акциите на компанијата Porsche ќе бидат исклучени од пресметката на главниот германски индекс DAX, кој ги вклучува 40-те најголеми германски компании според пазарната капитализација.
Вредноста на Porsche, која е во сопственост на Volkswagen, падна за речиси 50 проценти откако излезе на берза во септември 2022 година, објави Wirschaftsvohe.
Оваа промена стапува на сила на 22 септември, кога Porsche ќе биде намален и ќе стане дел од индексот MDAX.
Во првата половина од 2025 година, компанијата оствари нето добивка од 718 милиони евра, што претставува пад од 71 процент во споредба со минатата година.
Фото; Pixabay











