Porsche ќе направи електрична верзија на познатиот модел Macan

39

Фото: Pixabay

Германскиот производител на луксузни автомобили, Porsche ќе направи електрична верзија на познатиот модел SUV Macan, пишува CNN.

Производството на целосно електричен Macan, како што се наведува, ќе започне на почетокот на следната деценија. Овој вид на автомобил ќе се произведува во постоечката фабрика во Лајпциг, Германија.

Компанијата планира да инвестира околу шест милијарди евра за развој на електрични автомобили во следните три години. Нивните планови се половина од сите нови возила да бидат хибридни или целосно електрични до 2025 година.