Porsche ќе престане да произведува автомобили со дизел мотори

58

Германскиот производител на луксузни автомобили Porsche се обврза дека повеќе нема да изработува автомобили со дизел мотори, пишува BBC.

Оваа одлука доаѓа по скандалот во 2015 година, во којшто матичната компанија на Porsche,Volkswagen, призна дека мамеле на тестовите за штетни емисии направени на нивните дизел мотори.

Иако Porsche не произведуваше сопствени дизел мотори, туку ги користеше оние од Audi компанијата сепак сака да ја поправи својата репутација.

Volkswagen беше казнет со 1 милијарда евра, откако се откри дека помеѓу 2007 и 2015 продал повеќе од 10 милиони автомобили со помош на софтвер што лажирал резултати од штетни емисии.

Porsche инаку работи на електричен луксузен автомобил, инвестиција од неколку милијарди евра. Првиот авомобил од компанијата, којшто бил дизајниран во 1898 бил исто така електричен, додека првиот автомобил со дизел мотор бил продаден пред 10 години.