Porsche не сака ознака “Made in China“

74

Ознаката “Произведено во Германија“ и понатаму има своја маркетиншка сила, сметаат во Porsche, чија управа не помислува да пренесе дел од производството во азиските земји.

Според Financial Times, германскиот производител на спортски и луксузни автомобили ја отфрли можноста за изградба на фабрика во Кина, нејзиниот најголем и најпрофитабилен пазар, и покрај проблемите со задоволување на побарувачката во Азија на крајот на минатата година.

“Денес нема никаква смисла да го селиме производството“, изјави извршниот директор Оливер Блум.

Фото: Pixabay