Порше, која веќе има 45 отсто сопственички удел во Бугати Римац, сега размислува за мнозинско преземање за да добие поголема контрола, објави германскиот финансиски портал Менаџер.
Разговорите се веќе во тек, како што потврди основачот и директор на Rimac, Мате Римац.
Дополнително, тој додаде дека компанијата е добро позиционирана и дека и тие би сакале да го зголемат сопственичкиот удел. Автомобилите на Бугати се распродадени до 2029 година, а заедничкото вложување би требало повторно да стане профитабилно од 2025 година.
Ако Порше преземе мнозински удел, другите инвеститори ќе мора да се согласат. Меѓу акционерите на Rimac се Hyundai, Goldman Sachs, SoftBank и Invest Industrial. Преземањето би можело да биде стратешки корисно за Porsche, велат аналитичарите. Porsche моментално се соочува со многу предизвици.
Продажбата опадна по три тримесечја. Продажбата на електрични модели колабира, а доаѓањето на електричниот „макан“ (Macan) беше одложено поради проблеми со софтверот. Имаат проблеми и со развојот на електричниот „кајман“ (Cayman) и „бокстер“ (Boxster), поради што нивното појавување на пазарот може да биде одложено. Производството на електричниот „тајкан“ (Taycan) е намалено на една смена поради ниската побарувачка, пишува Bloombergadria.
Додека во „Порше“ не сакаа да ги коментираат темите, Мате Римац изјави дека меѓу сопствениците се водат дискусии за можната трансакција. Римац јасно кажа дека успехот на преземањето од „Порше“ не е загарантиран. Освен „Порше“, постојат и други заинтересирани страни, посочи тој.