Порше и Ауди влегуваат во Формула 1

58

Групацијата Фолксваген објави дека нејзините подружници Порше и Ауди ќе се приклучат на Формула 1.

Извршниот директор на Фолксваген, Херберт Дис, изјави дека Ауди и Порше ја увериле Групацијата дека влегувањето во Формула 1 ќе донесе повеќе пари отколку што ќе чини, објави ESPN.

„Едноставно останавме без аргументи“, рече Дис.

Тој додаде дека подготовките на Порше за влез во Формула 1 биле поконкретни од оние на Ауди.

Ауди е подготвен да понуди околу 500 милиони евра на McLaren како средство за влез во конкуренцијата, а Порше има намера да го обнови партнерството со Ред Бул, објави Ројтерс во март.

Дис информира дека Порше ќе ги намали другите тркачки активности и повеќе ќе се концентрира на Формула 1, а извори наведоа дека влезот во Формула 1 ќе се случи за неколку години.