Порше Македонија и официјално назначен за импортер на брендот Porsche

41

Porsche-PRПорше Македонија ДООЕЛ од овој месец, покрај официјалното импортерство за брендовите Фолксваген, Ауди, Шкода и Фолксваген комерцијални возила, стана и генерален увозник за возилата од гамата на светски престижниот бренд Порше.

Порше Македонија продолжува во остварувањето на својата цел – постигнување на потполно задоволство на клиентите. За нив секојпат го носи најдоброто, а овој пат на дофат на раката им го донесе и врвот на задоволството, возбудата, адреналинот и авантурата. За клиентите со префинет вкус ја донесе легендата која постојано освојува со својот фасцинантен стил и безвремен дизајн. Порше – синонимот за раскош, престиж и луксуз, новата дефиниција за иновација, ексклузива и прогресивност, сега и во нашиот салон.

“За Порше како бренд не треба многу да се зборува, неговата препознатливост е нешто кое само по себе зборува доволно. Моќни супер брзи спортски автомобили, со софистицирани системи во кои се вградени последните достигнувања на науката и техниката. Фантастичен дизајн, раскошни перформанси за бескрајно уживање во возењето, со еден збор – совршенство на четири тркала. Она што е уште поважно е дека во тек е проширување на сервисните капацитети што ќе значи комплетна услуга за целосно задоволство на клиентите. Едноставно треба да му создадеме достоен дом и на овој наш бренд. Предизвикот е голем бидејќи станува збор за многу значаен бренд од групациски аспект. И покрај синергиските ефекти, секако ќе бидат потребни и дополнителни инвестиции, но веќе се работи на конкретна реализација на сервисните и продажните капацити, кои очекуваме во најскор можен рок да профункционираат согласно сите корпоративни стандарди. Задоволството е големо и е вистинска потврда за нашето успешно работење”, потенцираше генералниот менаџер Златко Муцунски.

Оваа година Порше слави 50 годишнина од претставувањето на култниот Порше 911, знаменосец на марката. Истиот веќе пристигна во Порше Македонија, а друштво во моделската понуда му прават и сите останати модели од гамата како добро познатиот луксузен SUV Cayenne, луксузната лимузина Panamera, спортскиот двосед Cayman и неговата кабриолет варијанта Boxter и наскоро помалиот компактен SUV Macan.