Порше: Наскоро хибридни верзии од сите модели

24

porsche-panamera-640x426_0_0_468X10000На Саемот за автомобили во Шангај беше претставена хибридна Panamera, која ќе биде пуштена во продажба кон крајот на годинава.

Автомобилот има јачина од 416 коњски сили и развива 100 km/h за само 5,2 секунди, а неговата најголема брзина е 269 km/h.

Овој E-Hybrid е значително подобар од своите претходници. Капацитетот на литиум-јонските батериите е зголемен од 1,7 нa 9,4 kWh, а времето на полнење сега е 150 минути. За подобрените перформанси заслужен е двојно силниот електромотор. Наместо досегашните 47 коњски сили, сега равива 71 kW (95 коњски сили), додека автономијата на струја е 36 km.

По успешната имплементација на хибридната технологија во спортскиот Порше, ќе следува хибридна изведба на новиот Cayenne, а наводно ќе бидат произведени и хибриди од 911, Boxster, Cayman…