Портокалов дијамант продаден за 36 милиони долари

32

Orange-Diamond-600x400Редок портокалов дијамант, најголемиот скапоцен камен од овој вид, беше продаден на аукција во Женева за рекордни 35,54 милиони долари.

“Ова е рекордна цена за портокалов дијамант и исто така рекордна цена по карат од било кој дијамант во боја”, изјавија од аукциската куќа Кристи.

Цената од 2,4 милиони по карат го надмина претходниот рекорд кој изнесуваше 2,15 милиони за прекрасниот Розов дијамант, што се продаде во Хонк Конг во 2009 година.

Човекот кој го купи дијамантот набрзина стана и ја напушти собата додека траеше аплаузот. Аукциската куќа не го откри неговиот идентитет.

orange.diamond.AP110394410913_620x350

Светкавиот портокалов дијамант кој беше пронајден во Јужна Африка тежи неверојатни 14,82 карати.

Чистите портокалови дијаманти познати како “огнени дијаманти”, се екстремно ретки и само неколку од нив се дадени на аукција, а најголемиот од нив досега беше шест каратен.