Португалија во битка со инфлацијата – Привремено го укинува ДДВ за храната

45

Португалија привремено го укинува данокот на додадена вредност (ДДВ) за основните прехранбени производи, за да ги намали цените.

Левичарската влада на Португалија планира во следните шест месеци да го укине ДДВ на 44 основни прехранбени производи, изјави премиерот Антонио Кошта. ДДВ за тие храни сега е шест проценти.

Тој додаде дека мерката е дел од договорот потпишан со производителите и трговците со цел стабилизирање на цените. Кошта истакна дека договорот предвидува и планирана и финансиска поддршка за земјоделците и сточарите, во висина од 600 милиони евра.

Укинувањето на ДДВ за лебот, тестенините, оризот, млекото, јајцата, јогуртот, сирењето, маслото, путерот, месото и риба може да биде продолжена и по почетниот шестмесечен период, посочи Кошта.

Предлог-законот сè уште не е усвоен во Парламентот.

Годишната потрошувачка инфлација во Португалија во февруари достигна 8,2 отсто, малку под 8,5 проценти забележани во еврозоната, чиј член е Португалија. Но, инфлацијата на храната неодамна надмина 20,1 отсто.