Посебен премаз на банкноти од 20 евра

48

Банкнотата од 20 евра ќе бидат обложени со посебен премаз што ќе ги направи да бидат потрајни.

“Од 2021 година ќе се произведуваат само обложени банкноти, така што необложените банкноти од 20 евра постапно ќе исчезнуваат од оптек“, рекол Јоханес Бирман, член на Управата на Бундесбанк.

Серијата банкноти од пет и 10 евра, кои постапно се обложувани од 2013 година, исто така имаат посебен премаз. Поради пониската вредност, тие често го менуваат сопственикот, па брзо стануваат нечисти или се оштетуваат.

Испитувањата покажуваат дека премазот го зголемува животниот век на банкнотите. Освен тоа, обложените банкноти се помалку чувствителни на нечистотии, што може да се докаже со лабораториски испитувања.

Според податоците на Европската централна банка, во ноември оваа година во оптек биле повеќе од 4,3 милијарди банкноти од 20 евра, во вкупна вредност од 86,1 милијарди евра.

Фото: Freepik