Пошта ќе бара нова деловна банка за соработка

14

Владата даде согласност АД Пошта на Северна Македонија да почне постапка на преговори за барање нова деловна банка за соработка.

Оттаму информираат дека на барање на Собранието на акционери на АД Пошта на Северна Македонија, Владата ѝ даде согласност на АД Пошта на Северна Македонија – Скопје за отпочнување на постапка на преговори со цел склучување на нов Договор за деловна соработка со деловна банка на територија на Република Северна Македонија, преку којашто ќе ги врши услугите на платниот промет.

Причина за ова е стечајот на Еуростандард банка, којашто до пред затворањето, ги нудеше потребните финансиски и услуги на платниот промет за граѓани и физички лица, како што е наплата на сметки, исплата на пензии, исплата на социјална помош и слично.

Фото: Freepik