Поскапеа рестораните и хотелите: Алкохолот и безалкохолните пијалаци со најголем скок во август

Цените на угостителските услуги во август годинава бележат благ месечен раст од 0,6%, додека на годишно ниво, во споредба со истиот месец лани, се зголемени за 3,7%, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, во споредба со јули, најголемо поскапување од 1,5% е забележано кај алкохолните и безалкохолните пијалаци. Храната во угостителските објекти поскапела за 0,5%, додека цените на ноќевањата забележале минимален раст од 0,4%.

Во периодот јануари – август 2026 година, угостителските услуги бележат просечен раст од 3,0% во однос на истиот период од минатата година.

Цените во угостителството во август 2026 година, во однос на  јули 2026 година, во следниве групи се зголемени за:

  • 0.5 % кај Храна
  • 1.5 % кај Алкохолни пијалаци
  • 1.5 % кај Безалкохолни пијалаци 
  • 0.4 % кај Ноќевања