Поскапеа златото и пченицата

129

Европските и американските берзански индекси денеска се нерамномерни, цените на нафтата паднаа, а во исто време поскапеа и златото и пченицата.
Индексот DAX на франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 18.757,32 поени, исто како и московскиот MOEX на 2.805,13 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.226,66 поени, а францускиот CAC 40 на 7.480 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 42.063,36 поени пред денешното отворање на берзата во Соединетите Американски Држави, додека индексот S&P 500 падна на 5.702,55 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 17.948,32 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 70.909 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 74.417 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 35 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2618,53 долари за унца, а на пченицата на 5,7190 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,11240, што е за приближно 0,35 отсто пониско од петокот.