Поскапи угостителски услуги во февруари

71

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2023 година, во споредба со јануари 2023 година, е зголемен за 0.1 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Алкохолни пијалаци за 0.5 % и Безалкохолни пијалаци за 0.3 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 14.8 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – февруари 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 14.8 %, додека во однос на декември 2022 година, е зголемен за 0.7 %.

Фото: Pixabay