Поскапи угостителски услуги во октомври

75

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2022 година, во споредба со септември 2022 година, е зголемен за 0.4 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци за  0.8 % и Безалкохолни пијалаци за 1.5 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 17.5 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 11.4 %, додека во однос на декември 2021 година, е зголемен за 9.8 %.