Поскапува кафето

42

По четири години мирување, најголемиот германски и еден од водечките европски трговци со кафе, компанијата Tchibo ја зголемува цената на кафето.

Како причина за зголемување се наведуваат повисоките цени на светските пазари на кафе.

Германски Tchibo планира, во зависност од видот и земјата на кафето, да ги зголемат продажните цени од 50 центи до едно евро за килограм. Компанијата, што се занимава со преработка и пржење на кафе, последен пат ги зголеми цените на кафето во 2017 година, а потоа неколку пати ги намали поради пониски трошоци.

“Цената на сировото кафе значително порасна во последните неколку месеци. Тоа посебно се однесува на висококвалитетното кафе арабика“, наведуваат од компанијата.

Половина килограм сирово кафе на светскиот пазар чини околу 1,3 евра, во зависност од видот. Околу 60% од светското производство на кафе отпаѓа на арабика.

Според податоците на Меѓународната организација за кафе, се проценува дека во бизнисот со кафе годишно се “вртат“ околу 165 милијарди евра.

Фото: Pexels