Поскапуваат горивата

89

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.01.2023 година и со
тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на
Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 83,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,355 ден/кг, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 40,814 ден/кг.