Поскапување на горивата од полноќ

35

fuel-1596622_960_720Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 2 денари по литар и со тоа ќе изнесува 67,50 денари стои во соопштението на Регулаторната Комисија за енергетика.

Новите цени на горивата и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), во следните две недели ќе бидат зголемени за 1,50 денари по литар. Така, ЕУРОСУПЕР БС-98  ќе чини 69,00 денари, дизелот ќе се продава по 59,00 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 47,50 денари по литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,402 денари по килограм и со тоа ќе изнесува 28,038 денари.