Малопродажните цени на Еуросупер БС-98 и на мазутот благо ќе се зголемуват, цената на Екстралесното масло ќе се намали, додека цената на Еуросупер БС-95 и на дизелот останува непроменета.
Вака денес одлучи Регулаторната комисија на редовната седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.
Согласно одлуката, малопродажната цена на Еуросуперот БС-98, во однос на утврдената цена се зголемува за 0,5 денари и со тоа изнесува 78,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари и со тоа неговата цена ќе изнесува 57,00 денари за литар.
Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,346 денари, со што од утре ќе се продава по 39,803 денари за еден килограм. Еуросуперот БС-95 и натаму ќе се продава по цена од 76,50 денари за литар, а цената на дизелот останува 68,5 денари за литар.