После 12 години, Скопје и Амстердам повторно се поврзани по воздушен пат

Transavia, втората по големина нискобуџетна авиокомпанија во Холандија и дел од групацијата KLM, сега ќе лета на релација Амстердам – Скопје – Амстердам два пати неделно, секој четврток и недела!
“Денес одбележуваме значајна пресвртница за ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП. Оваа нова рута не е само за проширување на нашата мрежа, туку и за проширување на можностите за македонските граѓани. Со оглед на тоа што Амстердам е една од најживописните дестинации во Европа, овој лет ќе ги приближи патниците до светските историски атракции и уметнички колекции, но и ќе им овозможи на туристите да ја искусат убавината на Македонија.“ изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.
За резервации на авиобилети и детали за летовите, посетете ја веб-страницата на Transavia: https://www.transavia.com/home/en-nl