После 30 години во Босна отворен рудник за метали

80

Фото: Pixabay

За првпат после 30 години во Босна е отворен рудник за метали, пишува Biznisinfo.ba. Рудникот е лоциран во местото Олово и претставува инвестиција на британската грпација MINECO, а ќе биде единствен од таков вид – со подземна експлоатација на металите и примена на најдобрите светски пракси и технологии.

Вкупниот капацитет на рудникот, односно трајноста, се проценува на 25 години, а веќе за следната година е планирана инвестиција во вредност од пет милиони евра за изградба на најмодерен погон за преработка на руда, како и за изградба на депонија и патна инфраструктура.

Досега, во постоечкиот капацитет, британската групација MINECO инвестираше 6,1 милион евра и вработи 120 луѓе.