Последен тренд во луксузот – Подводни хотели

70

Луксузен хотел со футуристички изглед кој многу потсетува на вселенскиот брод Enterprise од серијата Star Trek, е планиран да биде изграден половично под вода, во Малдивите.

underwater-hotel

Полските инженери од хотелот Water Discus добија зелено светло од националното министерството за туризам, дека можат започнат со градба на хотелот близу островот Kuredhivaru. Овој футуристички хотел ќе никне покрај коралните гребени и кристално чистите води на Малдивите.

underwater-hotel-rooftop-patio Зданието ќе има два дела за да ги задоволи различните вкусови на гостите. Оние кои ќе сакаат да уживаат во глетката на подводниот свет, тропските риби и разнобојните корали ќе бидат сместени во подводниот дел, а оние кои повеќе преферираат поглед на сончевото сино небо ќе престојуваат во горниот дел на хотелот.

underwater-hotel-room

На надводниот дел ќе има хотел ресторан, спа центар, базен со морска вода, тропска градина и место за слетување на хелихоптери.

Water-Discus-Hotel
Во подводниот дел на хотелот, кој ќе биде изграден 30 метри под површината, ќе бидат сместени 21 соба со звучна изолација, бар, подморница и центар за нуркање кои ќе ги носи нуркачите директно во океанот.

Water-Discus-Hotel-at-night

Посетителите ќе можат да уживаат и во истражување на длабочините, да се возат со моторните бродови и подводните скутерии и да скијаат на вода.

Water-Discus-Hotel-Maldives