Последиците од Брегзит: ЕУ имаше рекорден број банкари милионери во 2022 година

87

Рекордни 1.957 банкари ширум Европската унија минатата година заработиле 1 милион евра (878.000 фунти) или повеќе, покажуваат бројките, што укажува на тоа дека некои од најдобро платените работни места во Британија се преселиле од Лондон во ЕУ по Брегзит.

Европската банкарска управа (European Banking Authority – EBA) објави дека бројот на банкари кои заработуваат милион евра или повеќе годишно се зголемил за повеќе од 40 проценти – од 1.383 во 2020 година на 1.957 во 2021 година. Овие податоци по Брегзит во 2020 година повеќе не вклучуваат банкари од Велика Британија. Пред да биде исклучена од базата, Велика Британија беше прва на листата на плати на банкарите: во 2017 година во таа земја имало 3.567 банкари со повеќе од еден милион евра.

ЕБА објави дека зголемувањето на бројот на европските банкари со еден милион евра е резултат на профитот од инвестициското банкарство, потоа „натамошната миграција на персоналот од Велика Британија во ЕУ по Брегзит, како и зголемувањето на платите“.

Регулаторот објави дека бројот на вработени со високи плати во банките кои работат во Италија, Франција и Шпанија е зголемен за 70 отсто.

Најплатениот банкар работи во Шпанија и заработил 14-15 милиони евра.  Уште тројца банкари – по еден од Германија, Шпанија и Франција – добија 13-14 милиони евра.

Мнозинството банкари со повеќе од еден милион евра живееле во Германија, чиј финансиски центар е во Франкфурт, со вкупно 589 (30 отсто) од оние со високи примања. Второто место го зазеде Франција со 371 (19 отсто), а потоа Италија со 351 (18 отсто).