Последниот лет на Montenegro Airlines

63

Црногорската национална авиокомпанија, Montenegro Airlines, веќе нема да извршува комерцијални летови, пренесуваат тамошните медиуми.

Вечерниот лет од Белград за Подгорица би можел да биде последниот што ќе го направи авиопревозникот.

Министерот за капитални инвестиции на Црна Гора, Младен Бојаниќ, соопшти дека владата ќе го згасне Montenegro Airlines.

Независниот синдикат на кабинскиот персонал на Montenegro Airlines соопшти дека е “шокантно и загрижувачки“ што 350 вработени во компанијата преку медиуми дознаваат дека ќе останат без работа во најкраток временски период.

Фото: Facebook