Послонаут – апликација за наоѓање работа

30

app

Послонаут е српска апликација за брзо наоѓање работа, односно работници преку мобилен телефон. Наменета е за работодавачи и за оние коишто бараат работа. Апликацијата им овозможува на работодавците бесплатно да постават оглас за само неколку минути, а кандидатите можат да пребаруваат огласи и со само еден клик да стапат во контакт.

Во првата фаза апликацијата ќе им биде наменета на оние што бараат дополнителна или привремена работа во области како угостителство, обезбедување, администрација, трговија, продажба…

Апликацијата е на белградски старт-ап чиј основач е Немања Стефановиќ, а е поддржана од српската интернет групација Infostud. Засега е достапна само за Србија, но планот е да “заживее” и во регионот.