Поставена првата арт-реклама на ѕидна фасада во Скопје

106
created by dji camera

Уличниот артист Андреј Јосифовски – Пијанист наслика уметнички мурал за Халкбанк АД Скопје

Од неодамна, зградата веднаш до гимназијата Јосип Брз Тито ја краси нов уметнички мурал, насликан од познатиот архитект и уличен артист од Белград, Андреј Јосифовски, познат под псевдонимот Пијанист.

Овој мурал е поставен по нарачка на Халкбанк и всушност претставува првата арт-реклама на ѕидна фасада во Скопје.

Пораката зад делото е “Важни се луѓето“, која истовремено е и корпоративниот слоган на Халкбанк, и со овој потег банката наместо да вложува во класично надворешно рекламирање, се потруди на креативен начин да придонесе за вистинско разубавување на градот, но и да им оддаде почит на луѓето од заедницата и на вистинските вредности што треба да се негуваат.

Цртежот е долг вкупно 15 метри, широк 10 метри и зафаќа површина од околу 150 метри квадратни. За негова изведба беа потребни вкупно 5 дена, а Пијанист работеше сосем сам како артист за муралот.

Подолу погледнете ја галеријата од изведбата на муралот, а ви ја пренесуваме и пораката која Халкбанк му ја даде на Пијанист за инспирација за решението.

„Важни се луѓето.

Важни се луѓето од ова соседство…

Важна е дамата што живее во оваа зграда; Важно е момчето што оди во ова училиште; Важна е девојката од соседството; Важен е човекот од околината што посветено работи…

Важни се сите луѓе под ова наше Сонце.

Но, важна е и поддршката. Важна е поддршката што треба да си ја даваме еден на друг секогаш кога таа ни е потребна.

А како Халкбанк се трудиме да го докажеме токму тоа:

Важни се луѓето. Важна е поддршката.“