Поставиле семафор пред кафуле за дистанца на гостите

190

Во кафулето Café De Smoutpot во Антверпен, Белгија, смислиле добар начин за обезбедување пропишана дистанца помеѓу гостите.

Со цел да им порачаат на гостите кога е дозволено, а кога не е дозволено да се влезе внатре, поставен е семафор пред кафулето.


Ако светлото на семафорот е црвено, на гостите им се порачува дека внатре нема доволно место за да се обезбеди дистанцирање. За влез потребно е да се почека на зеленото светло.

Фото: Facebook