Поставување цел

709

target

Фото: Pixabay

Многу од луѓето лутаат низ својот живот. Се чувствуваат како да се препуштени сами на себе си. Работат напорно, но сепак тапкаат во место.

Клучна причина што се чувствуваат така е поради тоа што немаат поминато доволно време во размислување за она ШТО сакаат од животот, односно не си имаат поставено формални цели.

Да се постави цел е процес за размислување за вашата иднина, нешто што ве тера во животот својата визија да ја претворите во остварлива реалност.

Процесот на поставување цел, прво ќе ви овозможи да се сознаете самите себеси, а потоа ќе добиете можност да изберете каде сакате да одите во животот. Со самото поставување на целите, ќе знаете што е она што сакате да го постигнете и каде најмногу да ги насочите вашите снаги. Дополнително, тие ќе ви овозможат да не си дозволувате лесно други работи да ви го одвлекуваат вниманието и да ве оттргнат од патот по кој сте тргнале.

Самото поставување на цели е доста напорна работа, но исто така, може да биде и многу едноставна. Тежината зависи од тоа што сакате да постигнете во животот и колку сте реални во тоа. Целите треба да ги дефинирате на краткорочни и долгорочни.

Долгорочните цели се оние коишто ги постигнувате за подолг период, период од сега, па за следните 10 години.

Краткорочните се оние кои всушност одат во насока на помош на остварувањето на долгорочните цели. Тие се дефинираат на период од неколку месеци до максимум 1 година. После тоа се дефинираат нови, но целите сепак треба да се во насока на претходно дефинираните долгорочни цели.

Без оглед која цел ќе ја поставите, еве ви неколку совети што може да ви помогнат при нивното дефинирање:

  • Секоја цел нека е позитивна – мозокот не знае да препознае негативна цел. На пример: за 1 година да не пушам, би требало да биде: за 1 година да водам здрав живот!
  • Бидете прецизни – со поставување на датуми, време, година… Само така ќе знаете кога треба да го остварите тоа.
  • Приоритети – откако ќе ги дефинирате, поставете приоритети при остварувањето на целите.
  • Поставете реални цели – целта е при нивно поставување да бидат реални, а не нешто што никогаш во животот нема да можете да го остварите. Само со реални цели ќе може да напредувате во животот.
  • Запишете ги – само така ќе може да се потсетите на нив.
  • Временска рамка – поставете си временска рамка во која сакате да ги остварите своите цели.
  • Проверка – поставете си одреден период за да проверувате кога ќе ги остварите целите, а со тоа ќе увидите до каде сте. Тоа ќе ви помогне да бидете на време со нивното оставрување.

Ако до сега не сте ги поставиле Вашите цели, тогаш направете го тоа сега. Откако ќе го направите тоа, ќе видите подобрување во Вашиот живот.

Со успех во промените.

 

Ако имате прашање за Калин Бабушку, можете да го поставите на Бизнис советник.