PostBOT – робот што разнесува пошта

56
###cat:6652### Deutsche Post DHL Group Vorstellung Postbot, Bad Hersfeld, 041017 ******************************************************************* copyright by: deutsche post dhl group/bernd georg

###cat:6652### Deutsche Post DHL Group Vorstellung Postbot, Bad Hersfeld, 041017 ******************************************************************* copyright by: deutsche post dhl group/bernd georg

Фото: DHL

Германската компанија за испорака DHL Group го престави својот робот што има за задача да им ја олесни на работата на вработените при разнесување на пошта.

За шестнеделниот пилот проект, каде електричниот PostBOT ќе доставува пратки, беше избран градот Бад Херсфелд. Од DHL се надеваат дека роботот значително ќе им ја олесни работата на вработените – нивните раце ќе бидат слободни и нема да креваат тежок товар.

Задачата на PostBOT ќе биде да го следи својот “човечки партнер” низ улиците додека се доставуваат пратките. Неговата висина изнесува 150 сантиметри, може да достигне брзина од 6 km/h и да носи товар до 150 килограми. Со помош на вградените сензори роботот ќе ги заобиколува пречките на патот и ќе го следи поштарот. PostBOT беше креиран според роботот од француската компанија Effidence S.A.S  и може да се користи при секакви временски услови.