Постигнат договор за Грција

24

grcija

Челниците на еврозоната, по цела ноќ преговори на маратонскиот самит во Брисел успеаја да постигнат договор околу Грција, потврди утрово претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Тој на својот Твитер профил напиша: Сè е подготвено Европскиот механизам за стабилност да обезбеди финансиска помош за Грција во замена за сериозни реформи, јавуваат агенциите.

Од Грција се очекува да го реформира пензискиот систем, да скрати од трошењето буџетски пари, да ја имплементира европската директива за банките, да го реши проблемот со ненаплативите кредити…

Според последните информации, за Грција биле спорни две прашања – предавањето на грчкиот имот од 50 милијарди евра на надворешен и независен фонд, кој постепено би го приватизирал тој имот и приходите би се користеле за намалување на грчкиот долг и понатамошното учество на Меѓународниот монетарен фонд во новата програма за финансиска помош.

Договорот ќе стапи на сила кон крајот на идната недела, откако ќе го усвои грчкиот парламент и европските партнери.