Постигнат договор за ковид пасошите на ниво на ЕУ

123

Дефиниран е изгледот на сертификатите за вакцинација на ниво на Европската унија.

Како што објасни за Јутарњи лист Крунослав Чапак, раководител на Хрватскиот институт за јавно здравје и член на Националниот штаб за цивилна заштита, сертификатот мора да ги содржи името и презимето на вакцинираното лице, земјата од која потекнува, името на употребена вакцина, датум на вакцинација и сериски број и бар код на која може да се прочитаат податоците.

“Дефиниран е изгледот на сертификатите за вакцинација, но засега се користат само за медицински цели, а не за минување на границата. Употребата на сертификати за преминување на границата сега интензивно се дискутира, сигурно ќе дојде време кога ЕУ ќе донесе одлука, но сепак има многу прашања и полемики “, рече Чапак, додавајќи дека ниту една земја од ЕУ не донела одлука на преминување на границата врз основа на вакцинација, но постојат билатерални договори.

“Бидејќи станува збор за smart решение, ќе бидат потребни до три месеци за да профункционира. Имено на ниво на ЕУ сè уште се разговара дали вакцинираните ќе добијат smart картички или ќе добијат код  што ќе може да се прочита на мобилен телефон“, рече Чапак.

Инаку, на крајот од февруари лидерите на ЕУ начелно се договорија на ниво на блокот да воведат единствен сертификат со потврда за вакцинирање со којашто лицата ќе може да патуваат и посетуваат културни или спортски настани.

Европската комисија треба да го претстави драфт документот за ковид пасоши на 17 март.

Фото: Freepik