
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и неговиот српски колега Горан Весиќ потпишаа Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје.
Двете земји заеднички ќе бараат средства од Европската унија.
Договорот беше потпишан во присуство на премиерите на Србија и Северна Македонија, Ана Брнабиќ и Димитар Ковачевски.
Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, претходно изјави дека пругата ќе се модернизира и електрифицира, за брзина од 120 километри на час.
Тој рече дека во тек е проектирањето на делницата Ниш – Прешево, долга 135 километри, а македонските партнери ќе проектираат околу 50 километри од границата до Скопје.