Потрошувачите ширум Европа очекуваат инфлацијата да продолжи да расте

42

Истражувањето за очекувањата на потрошувачите во земјите од еврозоната во март покажа дека голем број испитаници веруваат дека инфлацијата ќе расте, објави Европската централна банка (ЕЦБ).

Потрошувачите очекуваат раст на инфлацијата од 5,0 отсто во следната година, што претставува зголемување во однос на февруари, кога оваа бројка беше на ниво од 4,6 отсто.

Анкетираните сметаат дека инфлацијата во следните три години ќе биде 2,9 отсто, а во февруари изразија помал песимизам, велејќи дека очекуваат инфлација од 2,4 отсто.

Неизвесноста во однос на растот на стапката на инфлација во следната година е највисока од април 2020 година, кога започна оваа месечна анкета.

Испитаниците очекуваат дека нивните приходи ќе се зголемат во просек за 1,3 отсто во следните 12 месеци, но дека нивните трошоци ќе се зголемат за 4,1 отсто во истиот период.

Во однос на февруари, повеќе песимисти се анкетирани за изгледите за економски раст и развој на невработеноста во следната година.

Оваа месечна онлајн анкета беше спроведена на примерок од околу 14.000 полнолетни граѓани од шест земји од еврозоната – Белгија, Германија, Шпанија, Франција, Италија и Холандија, според веб-страницата на ЕЦБ.