Потрошувачите во еврозоната очекуваат инфлација од четири проценти во следните 12 месеци

13

Потрошувачите во еврозоната очекуваат инфлација од четири отсто во следните 12 месеци, покажа  објавеното истражување на Европската централна банка (ЕЦБ).

Како што е наведено на веб-страницата на организацијата, очекувањата за инфлација значително пораснале во септември во однос на август, кога изнесувале 3,5 отсто и сега се највисоки од април.

Потрошувачите очекуваат инфлацијата во еврозоната во следните три години да биде 2,5 отсто, а оваа бројка не е променета во однос на август.