Потрошувачка по енергенти во јули

28

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2020 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 546.080 МWh електрична енергија, 35.713 мил. нм3 природен гас, 427.784 тони јаглен и 73.953 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 92,4% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,6% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Фото: Pixabay