ПОЦ: Бесплатен паркинг за новогодишните и божиќните празници

78

По повод претстојните новогодишни празници на 31.12.2019 година (вторник) отворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15:00 часот, затворените паркиралишта и катната гаража до 18:00 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работат до 16:00 часот. Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ на 01.01.2020 година (среда) ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2020 година (четврток) со вообичаено работно време.

За време на Божиќните празници на 06.01. (понеделник) и 07.01.2020 година (вторник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 08.01.2020 година (среда) со вообичаено работно време.