Потсетување за оризопроизводителите – уште шест дена трае рокот за аплицирање за поддршка при набавка на комбајн или сушара за ориз

104

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделците дека на 6 јули 2022 година истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка при набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и мобилни сушари за ориз.

Овој јавен повик се распишува преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година, мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства.

Преку оваа мерка го олеснуваме производството на ориз, директно помагајќи го земјоделецот. Финансиската поддршка која се обезбедува преку овој јавен повик изнесува 3.500.000 денари по корисник.

Можност да аплицираат имаат сите земјоделски стопанства запишани во ЕРЗ системот на министерството, согласно законот за земјоделство и рурален развој. Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Критериум кој барателот треба да го исполни е да располага со минумум производствен капацитет од над 1 хектар површина под ориз.

Јавниот повик за финансиска поддршка при набавка на специјализирани комбајни за ориз и мобилни сушари за ориз беше објавен на 6 јуни од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и е достапен на следниот линк:

https://ipardpa.gov.mk/Root/mak/vest_dolga_mak.asp?VestiID=3114

Заинтересираните земјоделелци повеќе информации за јавниот повик може да добијат на веб страната на АФПЗРР и во подрачните единици на министерството.