Поттикнуваат вакцинирање со видео игра

37

Дански научници користат виртуелна реалност за да го поттикнат вакцинирањето против коронавирусот и тоа преку игра во којашто треба да маневрираат низ огромен број заразени на градскиот плоштад.

Во експериментот на Универзитетот во Копенхаген, учесниците носеле очила за виртуелна реалност и играле игра во којашто се во улога на постаро лице кои се шета низ плоштадот и ги избегнува минувачите облечени во црвено кои се заразени со Ковид-19. Вакцинираните во играта се облечени во сино.

“Беше многу забавно. Чувството е како да сте таму“, рекол учесник кој се “заразил“ во играта што ја играл во парк во Копенхаген.

“Од слични студии знаеме дека откако ќе поминат низ искуство на виртуелна реалност, кај учесниците се забележува намера да се вакцинираат. Веќе тоа го забележавме со коронавирусот“, рекол Роберт Бом, професор по психологија од Универзитетот во Копенхаген.

Таа идеја може да се користи и во лекарските ординации, а Светската здравствена организација смета дека со вакцинирање би можеле да се спречат од четири до пет милиони смртни случаи годишно.

Фото: Freepik