Глигор Бишев заминува од местото генерален извршен директор на Стопанска банка.
Бишев ќе остане во Стопанка банка најдоцна до 30 јуни 2013 година, додека Националната банка на Грција не именува нов генерален директор, со цел да се обезбеди успешна транзиција.
Минатата година банката оствари пораст на кредитирањето од 5% и нето добивка од 12,9 милиони евра, што, според банката, е резултат на ефикасното искористување на домашното и девизното штедење.
Глигор Бишев беше на чело на Стопанска банка 12,5 години.
Деновиве имаше повеќе шпекулации околу можноста тој да си замине од Стопанска банка, при што како негова следна дестинација се споменуваше Шпаркасе банка.