Со забавување на пандемијата, но и приближувањето на Хрватска кон шенген зоната без граници во ЕУ, повторно расте интересот кај Словенците за купување хрватски недвижнини, наjмногу во Истра, пренесуваат словенечките медиуми.
“Минатата година наши клиенти повеќе купувале недвижнини во Словенија, поради пандемијата и шенгеn, а сега трендот е обратен“, вели Даниел Ловшин, директор на агенција за недвижнини за љубљанско Дело.
“Хрватските недвижнини повторно се интересни, додека во Словенија понуда скоро и да нема“, додал тој.
На словенечкото крајбрежје цените, поради слабата понуда, се “астрономски“.
Според него, стан од 100 метри квадратни на словенечкото крајбрежје чини и до 270.000 евра, а за тој износ на хрватската страна може да се купи голема куќа.
Фото: Pexels