Повеќе од 1.200 банкарски службеници ќе работат од дома засекогаш

43

Најголемата европска банка HSBC одлучи да префрли повеќе од 1.200 вработени во Велика Британија на постојана работа од дома.

Според Ројтерс, ова е еден од најсилните индикатори за тоа како банките се прилагодуваат на промените во начинот на работа на вработените за време на пандемијата, како и на намалувањето на трошоците.

Околу 70% од 1.800 вработени во кол центрите на банката со седиште во Англија, Велс и Шкотска објавија дека не сакаат никогаш повеќе да се вратат во своите канцеларии, соопшти Unite еден од најголемите британски синдикати за вработување.

“Разговараме со колегите од контакт центарот кои им служат на клиентите во банката за начините на кои можеме да понудиме флексибилност на работното место, притоа осигурувајќи дека ќе бидат задоволени потребите на нашите клиенти. Овие дискусии продолжуваат“, рече портпаролот на HSBC.

Како што наведуваат од синдикатот Unite, HSBC им понудила на вработените 300 фунти годишно (414,75 долари) како додаток за покривање на дополнителни трошоци како што се сметки за електрична енергија и греење.

Фото: Freepik