Повеќе од 100 бродови со жито заглавени во водите во близина на Истанбул

Руската делегација која од почетокот на август учествува во инспекцијата на украинските бродови за жито во Истанбул се повлекува „на неопределен период“, соопшти Заедничкиот координативен центар (ЗКЦ).

„Делегацијата на Руската Федерација објави дека го суспендира учеството во спроведувањето на активностите на Иницијативата, вклучително и инспекциите, на неопределено време“, се вели во соопштението на ЗКЦ, кој го надгледува спроведувањето на договор за извоз на украински житарки.

Турското Министерство за одбрана претходно соопшти дека инспекциите на товарните бродови со украинско жито ќе продолжат во Истанбул.

Москва во саботата објави дека повеќе нема да учествува во договорот за извоз на украинско жито, наведувајќи го нападот со дронови врз нејзините бродови.

ЗКЦ објави дека 112 товарни бродови чекаат проверка во водите кај Истанбул.

Договорот, кој стапи на сила на 1 август и истекува на 19 ноември, овозможи извоз на повеќе од 9,5 милиони тони жито и други земјоделски производи од украинските пристаништа, објави ЗКК.

Фото: Facebook