Во кругот на компанијата Фени Индустри од Кавадарци, денес Царинската управа ќе уништи повеќе од 35.000 парчиња различни видови на фалсификувани производи.
Разни текстилни производи, обувки, авто делови и додатоци за мобилни телефони, ќе бидат уништени под царински надвор и во присуство на претставници на брендовите.
Ова е една од активностите што Царинската управа ги презема во борбата против фалсификувањето и пиратеријата, со цел да се заштити економијата, здравјето и безбедноста на луѓето од фалсификувани стоки.
И оваа година, во соработка со Царинската управа, компанијата Фени Индустри ќе ги донира средствата наменети за уништување на фалсификувани производи во хуманитарни цели.