Повеќе од 450 компании ја напуштија Русија од почетокот на војната со Украина

85

Повеќе од 450 компании се повлекоа од Русија откако таа земја започна војна против Украина, а некои продолжија со вообичаената работа, известува Агенција Анадолија (АА).

Yale School of Management објави листа на компании што се повлекоа од рускиот пазар.

Меѓу компаниите што последни во низата најавија заминување од Русија се: Airbnb, Deloitte, eBay, Netflix, Shell, Uber, Renault, Samsung, Apple, TikTok, Toyota, Visa и Adidas.

Џефри Соненфилд, професор по менаџмент на Yale School of Management, изјави дека сите тие компании со своето повлекување помогнале милиони луѓе низ целиот свет да се поттикнат да ја подигнат свеста и да преземат акција против Русија.

Листата е поделена во 5 категории и содржи компании што се повлекле од Русија, компании кои ја запреле работата, компании кои значително ја намалиле работата, компании кои „купуваат време“ и ги задржуваат новите инвестиции во Русија и компании кои им одолеваат на апелите за повлекување од Русија.